-->

Рачни GPS уреди со дигитална камера

Garmin најави два нови рачни GPS уреди кои од конкуренцијата се разликуваат по тоа што доаѓаат со вградени дигитални камери.

Моделите Garmin Oregon 500 и 500t (моделите се разликуваат само по тоа дали доаѓаат со прединсталирани мапи и по вредноста од 100 американски долари) доаѓаат со вградена дигитална камера со резолуција од 3.2 мегапиксели.

Со оглед на фактот дека GPS уредите поседуваат и дигитална камера, сосема е јасно дека поддржуваат и geotagging, односно означување на местата каде фотографиите се снимени. Од останатите опции треба да издвоиме дека станува збор за робусни уреди со кои можете да нуркате под вода, а доаѓаат и со вграден компас и слот за мемориска картичка

Три инчниот екран е осетлив на допир, а можете без никаков проблем да го користите и кога носите ракавици, нешто што особено ќе го цените при ладни временски услови.

Цената на уредите на американскиот пазар изнесува 499,99, односно 599.99 долари.

 

Copyright © 2009 selotejp.com