-->

Нов рендер од Mercedes SLS AMG

Кон почетокот на месецов Mercedes ги објави официјалните скици од надворешниот изглед, како и фотографиите од ентериерот на својот нов спортски модел. Како на крај ќе изгледа новиот спортски Mercedes ќе можете да погледнете од приложениот рендер.

За потсетување, Mercedes ќе го претстави моделот SLS AMG есенва на франкфуртскиот саем за автомобили. Станува збор за возило, за чиј развој беше задолжеа AMG тјунинг компанијата, а со својот дизајн, посебно со gullwing вратите, претставува наследник на легендарниот модел 300 SL.

За потсетување, SLS AMG моделот, според најавите ќе го движи 6,2-литарски V8 мотор, сместен во предниот дел на возилото.

Моторот ќе развива околу 570 KS, а со нив SLS ќе забрзува од нула до 100 километри на час за 3,8 секунди, а ќе постигнува максимална брзина од 315 километри на час. Моторот ќе доаѓа во комбинација со 7-степенски менувач. Првата испорака на новиот спортски модел се очекува кон почетокот на следната година, а купувачите ќе можат да го купат по цена од 150.000 евра.

 

Copyright © 2009 selotejp.com