-->

Пристига новата генерација на Clio

Следната генерација на Clio се очекува да се појави најрано во 2011 година, но на интернет веќе се појавија шпионски илустрации кои ги откриваат главните дизајнерски насоки на Renault врзани со овој популарен модел.

На фотографиите лесно можат да се видат идеите на француските дизајнери, кои веќе го кројат новиот Clio. Новиот модел ќе има значително позаоблен дизајн, а за ваквиот впечаток придонесува и конструкцијата на предните светла, кои делумно потсетуваат на новиот Megane, од кој по се изгледа се преземени поголемиот дел од дизајнерските решенија.

Тоа го потврдува и последниот facelifting на актуелниот модел на Clio, кој е направен по примерот на Megane. Ова ја покажува дизајнерската линија по која ќе се движат новите возила на Renault.

За разлика од BMW, Opel и останатите француски произведувачи, кои им даваат поголема индивидуалност на своите нови возила, Renault се обидува на својот борец во еден од најголемите и најпопуларните сегменти во Европа да му го задржи препознатливиот изглед.

 

Copyright © 2009 selotejp.com