-->

NASA хакната од Швеѓанец

Дваесетгодишен Швеѓанец е обвинет за хакерски упад во компјутерските системи на NASA и Cisco, соопшти американското министерство за правда.

Филип Габриел Петерсон, попознат како "Stakkato", е обвинет за упад и недозволено користење на заштитени деловни тајни, се наведува во соопштението на министерството.

Петерсон е обвинет по пет точки за упад во компјутерскиот систем и мрежата во Сан Хозе во седиштето на Cisco Systems во Калифорнија во мај 2004, кога шведскиот хакер успеал да го украде оперативниот код на еден од системите на Cisco.

"Stakkato" упаднал и во компјутерите кои припаѓаат на NASA во истражувачкиот центар Ames и во напредниот оддел за супер-компјутери во Мофет Филд, Калифорнија, во мај и октомври истата година.

Министерството за правда на САД наведе дека за овој случај веќе соработува со шведските власи, како и дека најголемата казна за упад и кражба на деловни тајни е 10 години затвор и парична глоба од 250.000 долари.

 

Copyright © 2009 selotejp.com