-->

RIM потврди - пристига Storm 2

Research In Motion потврди дека работи на Storm 2, новиот модел на својот популарен smartphone BlackBerry.

Сепак компанијата одби да даде повеќе детали за овој уред, кој ќе доаѓа со екран осетлив на допир. Ваквиот екран, како што претходно наведоа од компанијата е дел од нивната стратегија за ширење на „големиот потрошувачки пазар“.

Storm досега постигна голем успех на пазарот и покрај проблемите при лансирањето на самиот телефон, како и софтверските проблеми, велат од компанијата.

Засега се знае дека новиот Storm ќе има поддршка за Wi-Fi и малку изменет екран, кој би требал да го олесни користењето.

Research In Motion засега не го откриваат датумот на појавување на овој телефон, но неофицијално се дознава дека тоа ќе се случи во текот на септември годинава.

 

Copyright © 2009 selotejp.com