Станува збор за новата верзија на PlayStation Portable, кој ќе има UMD, како и motion controller (контролор на движења), наменет за PlayStation 3. Ваквиот управувач дефинитивно ќе даде една потполно нова димензија на играњето на оваа конзола.
Ова не се први гласини за motion controller-от на Sony. За потсетување компанијата минатата година пријави еден патенти за ваква технологија.
Според одредени извори, кои пред неколку месеци имале можност да го видат овој motion controller, велат дека работи на принцип на LED (light emitting diodes) диоди и мала веб камера која ги следи движењата на уредот. Со оглед на фактот што камерата ќе може да чита поинакви облици и бои на светло, овој motion controller би требал да биде многу попрецизен од оној на Wii, барем така велат лицата кои имале можност да го видат уредот. Од Sony се уште не ги коментираат ваквите шпекулации.