Продажбата на најефтиниот автомобил на светот, 2.000 долари вредниот Nano, започна во април, а индискиот производител веќе се пофали со 203.000 нарачки.
Вкупната вредност на нарачките изнесува повеќе од 500 милиони долари, а интересно е што повеќето купуваќи не се одлучиле за основниот модел, туку за неговата Deluxe верзија од 3.700 долари со клима уред и електрични подигачи на стакло.
До крајот на 2009 година, Tata сепак нема да успее да ги испорача сите нарачани возила, и покрај тоа што купувачите мораа да уплатат 95% од вредноста на автомобилот како аконтација. До крајот на годинава, Tata ќе успее да произведе 100.000 автомобили, а среќните купувачи кои ќе почнат да ги добиваат своите примероци од јули ќе бидат одбрани по случаен избор.