-->

Музика на мозочните бранови

Запознајте ја необичната група музичари од Универзитетот во Барселона која создава музика со директно читање на мозочните бранови.

Повеќето музичари поминуваат години макотрпно вежбајќи ги движењата на телото за инструментите во нивните раце да произведат сакан звук. Но, тоа не е случај со Мултимодалниот мозочен оркестар.

Овој "бенд" одржа интерeсен концерт во Прага, на конференцијатa Science Beyond Fiction.

Музичарите преку капа со електроди се приклучени на ЕEГ. Нивните мозочни бранови се пренесуваат на два големи екрани над оркестарот, а секој мозочен бран се влијае на волуменот и на одредена модулација на звукот кој се произведува.

Целта на овој уметнички проект и фасцинантната демонстрација на биометричка технологија е да се истражи човековата свест и да се испита што се може мозокот без телото.

 

Copyright © 2009 selotejp.com