-->

Порталот www.mladiinfo.com меѓу петте најдобри во светот



Порталот за млади од Македонија – www.mladiinfo.com е избран за еден од петте најдобри портали во светот во категоријата „Образование за сите“ во рамки на наградата на Светскиот самит за информатичко општество за млади.

Како што соопштуваат од „Млади инфо“, признанието го добиле во конкуренција од вкупно 622 веб страници од 101 земја од светот. Изборот бил направен во три етапи, а го спровело стручно меѓународно жири составено од 20 реномирани експерти од оваа област.

Наградата на Светскиот самит е глобална иницијатива за избор и промоција на е-содржини и проекти, и е организирана од страна на ОН. Секоја втора година, започнувајќи од 2005, во рамките на Светскиот самит се доделува и Наградата за млади. Оваа година наградите се доделуваат во пет категории кои се дел од милениумските развојни цели: борба против сиромаштијата, образование, полова нееднаквост, култура и екологија.

Официјалнато признание на Млади инфо ќе му биде врачено за време на Глобалниот форум за Информациско-комуникациски технологии и развој на ОН, што ќе се одржи во Монтереј, Мексико од 10 до 13 јуни, годинава. (МИА)

 

Copyright © 2009 selotejp.com