Хрватска тешко дека ќе може да ги заврши преговорите за присоединување кон ЕУ до крајот на оваа година и да стане членка на ЕУ во 2011 година, изјави шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд, цитиран од Хина.- Сметам дека станува се потешко, изјави Билд за хрватскиот временски распоред за присоединување.
- Тоа е невозможно. Ќе се обидеме да го запазиме распоредот, но неопходно е да се каже дека има извесно отстапување од него, изјави Билд.
Шведска ќе претседава со ЕУ во втората половина на годината.










