-->

Манчестер нуди 53 милиони евра за Виља

Иако се чинеше дека Давид Виља ќе ја продолжи кариерата во мадридски Реал, англиските медиуми тврдат дека во играта за шпанскиот напаѓач се вратил Манчестер Јунајтед со подобра понуда.

Давид Виља има договор со Валенсија до летото 2014, но во овој преоден рок ќе го напушти клубот. Долговите на Валенсија станаа преголеми, па продажбата на нивниот најдобар стрелец барем малку ќе ја поправи финансиската ситуација. Иако веќе се чинеше дека Реал ќе ги надмине Челзи и Барселона со понудите за Виља и дека за 38 милиони евра ќе донесе уште една ѕвезда, англиските медиуми тврдат дека има нови моменти.

Иако трансферот се чинеше готов, во трката по 27 годишниот напаѓач се вклучи и Манчестер Јунајтед. Англиските медиуми пишуваат дека "црвените ѓаволи" се подготвени да платат дури 53 милиони евра за Виља.

 

Copyright © 2009 selotejp.com