-->

Објавен телефонскиот повик до 911 за помош за Мајкл Џексон

Британската телевизиска мрежа “Ај Ти Ен Њуз“ денеска објави аудио запис од телефонското јавување од домот на Мајкл Џексон до американската служба за итни случаи 911.

Телефонското јавување е, засега, од неидентификувано лице кое било во домот на популарниот пејач, и во разговорот со службеникот во 911, тоа бара помош за машко лице, чие име не сака да го соопшти, туку само вели дека е на возраст од 50 години. Потоа јавувачот ја кажува адресата Лос Анџелес Калифорнија 90077 и панично вели дека лицето за кое се јавува е во безсвесна состојба и дека не дише. Потоа бара помош, односно иснтрукции за тоа како да му дадат вештачко дишење.

На прашање на службеникот од 911, дали во куќата е сам или има уште некој со него, машкиот глас одговара дека со него е нивниот личен доктор. Потоа службеникот му вели дека докторот е покомпетентен од него и дека сигурно ќе му помогне и оти екипа на брза помош веќе е во непосредна близина на нивната куќа.

 

Copyright © 2009 selotejp.com