Музичарите кои свиреа на една авганистанска свадба завршија претепани, со бричени глави и заврзани за дрво од страна на талибанците, затоа што според нив прославата не била баш муслиманска.Нападите најчесто се усмерени кон странските војници, државните службеници и училиштата каде учат девојки.
"На сред свадбената прослава група талибанци им се нафрли на музичарите, почна немилосрдно да ги тепа и да им ги крши инструментите", изјави Рахматула Кан, поглавар на селото Мерке Кел на истокот на земјата.
"Музичарите беа заврзани за дрво, а селаните ги пронајдоа следното утро кога излегоа на молитва".
Кан потврди дека талибанците им ги избричиле главите и ги натерале да дадат збор дека веќе никогаш нема да свират и пејат на свадби.










