Новиот Џејмс Бонд ќе се снима во Авганистан. Иако засега ова се само шпекулации, во филмските кругови веќе наголемо се зборува дека тоа е следната дестинација на најпознатиот таен агент на светот- Повеќе од сигурно е дека новиот филм за Бонд ќе се снима во Кабул, а опасниот агент нема да се бори само со талибанците, туку и со опасните трговци на дрога кои ги финансираат терористите, изјави изворот.
Агентот 007 веќе бил во Авганистан, кога Тимоти Далтон го снимаше „The Living Daylights“ во 1987 година.











