-->

Цеца има ново младо пиле

Иако пред само неколку недели, говорејќи за својот емотивен живот изјави дека „нема дечко“, Светлана Цеца Ражнатовиќ на прославата на својот 36-ти роденден, на поканетите гости им го претстави својот избраник, белградскиот манекен Владимир Вуксановиќ.

На роденденската прослава, која се одржа во вилата на фолк ѕвездата на Дедиње, присуствуваа 30-тина најблиски пријатели, а меѓу нив беше и 22-годишниот Вуксановиќ, со кој пејачката во текот на целата вечер разменувала нежности, пишуваат белградските таблоиди.

-Постојано се држеа за рака, а во неколку наврати и заиграа, изјави за „Ало“ еден од гостите.

Цеца и Вуксановиќ се запознале преку заедничкиот пријател, белградскиот креатор и стилист Саша Видиќ. Искри летале на отворањето на летната бавча на еден од коктел баровите во Белград, а двојката подоцна неколку пати е видена и на сплавовите.

Трачовите кои ја следат популарната пејачка некогаш се само трачови. Еден од нив е дека ќе пее на свадбата на синот на еден од најмоќните црногорски политичари Светозар Маровиќ.

- И јас тоа го дознав од весниците. Не, не, не е точно. Засега не, изјави Цеца.

Прашана дали на својот поранешен дечко Владан Лукиќ му го честитала изборот за претседател на Црвена ѕвезда, Цеца изјави не, но дека го користи гостувањето во емисијата „Ами Џи шоу“ тоа да го направи.

- На Владан и Ѕвезда од срце им посакувам се најдобро, изјави пејачката со гласно одобрување од своите деца Вељко и Анастасија, кои исто така беа во емисијата.

Новиот албум на Цеца по се изгледа нема да се појави наскоро. Можеби ќе излезе на крајот на годинава, а можеби дури следната, се зависи од песните кои ќе и ги понудат.

Што се однесува до пластичната хирургија и естетските зафати на телото, Цеца сосема ги подржува, но во „умерена мера“.

-За се мора да се има мера, па и за тоа. Доколку некој на одреден начин не е задоволен од себе, од некој дел од своето тело и поради тоа има комплекси, треба да се оперира и да биде задоволен со себе си, изјави Цеца, признавајќи дека ги има оперирано градите.

 

Copyright © 2009 selotejp.com