Разочарана девојка од Бристол ја откажала венчавката и прославата откако на нет открила дека нејзиниот иден сопруг е порно актер.За другата професија на Џејсон, Хејли дознала на грозен начин. Нејзината пријателка на интернет барала стриптизер за моминската вечер, кога случајно ја здогледала порно снимката на која го препознала Џејсон.

- После шест месеци забавување, Џејсон се пресели кај мене, но често беше отсутен вадејќи се со приватните тренинзи. Беше многу внимателен, нежен љубовник и честопати ми купуваше накит и други поклони, поради што никогаш не се посомневав во неговото отсуство, вели Хокинг.











