- Никол одбиваше да биде во иста соба со Линдзи, бидејќи тие не се поднесуваа. Лохан збесна кога виде дека Саманта ја покани Никол на забава, иако претходно актерката ја предупреди Ронсон. И покрај предупредувањето Саманта ја покани трудната Никол, а Лохан на тоа избувна и не можеше да се контролира, изјави извор близок до лезбејската двојка.
По расправијата Саманта излегла на вечера со Никол, а во текот на вечерта и испратила порака на Лохан дека нивната врска е завршена.
Неодамна англиските весници шпекулираа дека парот се свршил, откако Линдзи беше фатена со прстен на раката.