Таа се движи со брзина за 383 пати поголема од должината на своето тело во секунда, што е многу побрзо од борбен авион кој при такво нурнување може да развие брзина за 207 пати поголема од неговата должина во секунда.
При свадбеното пикирање, мажјакот достигнува брзина и забрзување кое до сега не е забележано кај ниту една друга птица, вели професор Кристофер Кларк од калифорнискиот универзитет. Кога ќе се вивне во воздухот, оваа мала птица ги склопува крилата со цел да постигне што поголема брзина.
Слично нурнување изведуваат речиси сите други птици при таканаречената "свадбена игра" или при фаќање плен, но ниту една од нив ни приближно не ја постигнува брзината на колибрите.