-->

Рибери трето големо засилување за Реал?!

Најдобриот француски фудбалер во моментов најверојатно ќе биде третото големо засиување за Реал Мадрид.

Според мадридскиот весник "АС" играчот од средниот ред на Баерн од Минхен, новиот претседате на "белите" Флорентино Перес е пдготвен да плати 55 милиони евра за да успее да го привлече францускиот репрезентативец на "Сантиаго Бернабе".

Во трансферот би биле вклучени и Весли Снајдер и Рафаел Ван дер Варт, за кои особен интерес покажа новиот тренер на Баерн, Луј Ван Гал. Доколку се остварат ови најави, речиси би се истрошил предвидениот буџет од околу 250 милиони евра за засилувања, колку што вети Перез. Реал веќе ги комплетираше трансферите на Роналдо (Манчестер јун.) и Кака (Милан) за кои плати 161 милион евра. Би останале околу 40 милионји евра кои веројатно би се потрошиле на неколку фудбалери од одбраната.

 

Copyright © 2009 selotejp.com