Во рамките на Манифестацијата „Скопско лето", вечерва во 20.30 часот, во Домот на АРМ концерт ќе одржи Академскиот хор СКЦ од Ниш и Камерниот оркестар при ФМУ од Скопје.Ова јубилејно 30. издание на „Скопско лето" започна вчера со настапот на Македонската опера и балет и изведбата на операта „Плаштот" од Џакомо Пучини.
Манифестацијата ќе трае до 31 јули, а ќе се одржува на 27 локации во градот на кои ќе настапат повеќе од 2.000 ликовни, музички и театарски уметници.
Организаторот, Дирекцијата за култура и уметност најави повеќе од 60 претстави, концерти, изложби, промоции и перформанси, со гости , уметници од Канада, Велика Британија, Франција, Германија, Албанија, Србија, Хрватска и Бугарија.










