Лорни Блис (28) почнала да се однесува како Бритни Спирс за да заработи џепарлак. Иако живее туѓ живот, таа вели дека никогаш не би се откажала од него.Пред две години Бритни се разведе, го изгуби старателството над децата, се истепа со папараците, ја избричи главата и заврши на психијатрија. Иако Лорн не сметала на тоа кога во 1998 ја облекла секси униформата за првиот сингл на Бритни 'Baby one more time', таа морала стоечки да ги поднесе сите проблеми на својата двојничка.

Кога ѕвездата ја избричи главата, после мало размислување Лорни заклучила дека нејзина работа е да прави се што прави Бритни, а помеѓу нив две, постои голема духовна поврзаност.










