-->

Започна изградбата на првиот Космодром

Сликава го прикажува изгревот на сонцето над првиот вселенски аеродром на Земјата, а ќе служи за полетување и приземјување на вселенските летала кои вршат комерцијални летови во Космосот.

Изградбата започна вчера и според многумина претставува почеток на вистинската иднина. Досега не е изградена ниту едно вакво вселенско пристаниште, чии услуги би ги користеле приватните компании како што е Virgin Galactic.

Вселедромот ќе се вика „Spaceport America“ и се гради во Ново Мексико, а за неколку децении веројатно ќе биде само дел од еден многу поголем комплекс, гигантски супераеродром за вселенски бродови кои посетуваат на дестинации како што се Месечината, Марс или Титан.

 

Copyright © 2009 selotejp.com