Пет луѓе се уапсени во Кина затоа што откопале тело на млада жена за да стане "невеста" на младоженец загинат во сообраќајна несреќа.
Меѓу уапсените е и ужалениот татко на починатото момче кој наводно на своите соучесници во злосторството им платил 2.700 фунти за да му најдат девојка која ќе биде невеста на неговиот син во задгробниот живот.
Мажите биле уапсени откако ги откопале остатоците од девојката која минатата година испила отров откако неуспеала да се запише на саканиот факултет.
Во руралните делови на Кина празноверните селани го практикуваат вековното верување според кое на умрените слободни мажи треба да им се најде партнерка која ќе ги следи на другиот свет.
Се одржува церемонија на венчавање со која се венчаваат двата трупови, а потоа невестата се положува во истиот гроб со младоженецот.