Полицаец од англискиот град Грејсенд стопирал еден хендикепиран тинејџер, затоа што неговата електрична инвалидска количка се движела со „преголема“ брзина од нешто повеќе од шест километри на час.Локалните медиуми јавија дека полицијата подоцна признала дека тинејџерот не направил никаков прекршок, иако полицаецот кој го запрел и натаму останува на уверувањето дека „казната била пропорционална на прекршокот што го направило момчето“.










