 Во Музејот на современа уметност вечер ќе биде отворена изложбата „Импресии: берлинска ликовна сцена” со дела од 18 автори од Германија со различно национално потекло кои се дел од берлинската имигрантска  уметничка сцена.
Во Музејот на современа уметност вечер ќе биде отворена изложбата „Импресии: берлинска ликовна сцена” со дела од 18 автори од Германија со различно национално потекло кои се дел од берлинската имигрантска  уметничка сцена.Куратор на изложбата е Ролф Кулц Мекензи, кој ги селектираше делата на поголемиот број учесници, а тројца автори се претставуваат по избор на уметникот Балов.
- Покрај тоа што заедничкото поднебје наметнува една општа духовна и ментална клима, токму отвореноста на градот, слободата, перспективите што ги нуди, ги изразуваат и матичните ликовни поетики. Во барањето простор за сопствениот идентитет, во препознавање себеси во современото глобално општество, самопрепознавањето станува понагласено, додека толку извиканиот процес на глобализација можеби ја освестува и зајакнува потребата за идентификација, наведуваат организаторите на изложбата.
Најавено е изложбата да ја отвори амбасадорката на Германија во Македонија Улрике Кноц.


 
														



 







