Ново истекување на хидрогенското гориво од резервоарот ја присили NASA повторно да го одложи полетувањето на спејс-шатлот Ендевор од базата Кејп Канаверал на Флорида. Проблемот откриен на надворешниот резервоар на леталото е сличен на оној поради кој е одложено лансирањето на неговото „сестринско“ летало во март оваа година.
Оваа мисија меѓу другото треба да постави рекорд, бидејќи на вселенската станица ќе остави дури 13 астронаути.










