Американскиот претседател Барак Обама ги победи вообиачените машки модни икони во новиот избор за мажи со најмногу стил во кој учествуваа повеќе од три илјади припадници на посилниот пол на порталот OnePoll.com.Третопласиран е „модно-освестениот“ Дејвид Бекам кој поради своите стилски полни погодоци (и промашувања, додуша) стана еден од најфотографираните луѓе во светот, а од неодамна се најде на билбордите ширум светот во најновата кампања на Emporio Armani.
„Барак Обама има многу стил што сигурно допринесува кон неговата популарност. Светските лидери и политичари не се познати по стилот на облекување, па Обама е вистинско освежување бидејќи се чини дека навистина внимателно се грижи за неговиот изглед“, изјави Џонатан Хејлбро, директор на британската компанија Thomas Pink која прозведува кошули - и нарачува вакви анкети :)
Четвртото место е резервирано за последниот 007 Даниел Крег, а најдобрата петорка ја заокружува Ал Пачино.










