Судот во Калифорнија го одби барањето на Крис Браун да го одложи судењето за неговиот наводен физички напад над поранешната девојка Ријана.
Познатата R&B ѕвезда на претходното сослушување се изјасни како невин и покрај сите обвинувања од страна на Ријана дека физички ја нападнал на почетокот на годинава. Неговата поранешна девојка треба да се појави како сведок на 22-ри јуни.
Браун може да добие казна од 4 години затвор ако биде осуден по сите обвиненија.











