Властите од полскиот град Лоѓ им забранија на кучињата да лаат, не само ноќе, туку и дење, а кучето кое ќе се осуди да „писне“ на сопственикот од џеб ќе му извлече 111 евра, колку што изнесува новата казна за лаење.- Животните не треба да ни го нарушуваат редот и мирот. Се случуваше сопственикот да отиде на работа и кучето да го затвори осум часа. Кучето потоа почнува за завива, не давајќи им мир на соседите, вели портпаролот на градските власти Мажена Коросрењска.

Во Полска постојат повеќе „кучешки апсурди“ и тоа благодарение на бирократските локални избраници. Така во Шчечин, во северот на земјата, полициските патроли, градските камери наместо да ги користат за гонење злосторниците и престапниците, ги насочија кон парковите за да фатат кое од кучињата зад себе оставило смрдлива „торта“, која сопственикот заборавил да ја собере.










