-->

Улогата на витаминот Д во организмот

Витамин Д, односно неговиот активен облик Kalcitriol, му помага на организмот да го искористи калциумот и фосфорот, кои се главните фактори на коските и забите.

Неговата улога е да контролира колку калциум ќе се апсорбира од храната, и колкава количина од тој минерал ќе се вгради во коските. Доколку во организмот нема доволно витамин Д, внесената мала количина на калциум нема да може да апсорбира, така што може да дојде до рахитис кај децата, а кај возрасните до Остеомалација (омекнување на коските) и Oстеопороза (смалување на густината на коскените ткива).

Новите истражувања покажале дека активниот облик на витаминот Д, го поттикнува лачењето на инсулинот, така што, кај луѓето кај кои недостига витаминот Д, се јавуваат проблеми во лачење на овој хормон.

Научните истражувања, покажале дека витаминот Д користи во превенцијата и третманот на болните од тумори на дојките, болна простата, болести на дебелото црево и кожа, дијабетис, мултиплесклероза, зголемен крвен притисок, алергиски реакции и како превенција од од одбивање на трансплатираниот орган.

Недостигот на витаминот Д, е последица на неадекватната исхрана и недоволното излегување на сончева светлина.

 

Copyright © 2009 selotejp.com