Американскиот информатички гигант „Apple“ викендов, само неколку дена по лансирањето на својот нов „iPhone 3G S“, успеа да продаде милион примероци, јавија светските агенции.Голем број аналитичари беа убедени дека „iPhone 3G S“ нема да се продава така добро како „iPhone 3G“ поради малите разлики меѓу двата модела, како и поради тоа што „Apple“ слабо ја рекламираше новата верзија на телефонот.

Џобс изјави дека „корисниците гласале и оти iPhone победил“.










