-->

Два нови телефони од LG

LG претстави два нови мобилни телефони - моделот GT500, кој располага со голем дисплеј осетлив на допир, и GW550, телефон со комплетна QWERTY тастатура.

LG GW550 доаѓа со 2.4 инчен QVGA екран и Windows Mobile 6.1 оперативен систем со поддршка за HSPA. Од останатите опции, тука е и 3 мегапикселната камера, поддршката за Bluetooth поврзување, стерео звучниците и отворот за microSD мемориска картичка.

LG GT500 располага со 3 инчен дисплеј осетлив на допир и резолуција од 400х240 пиксели, и како што велат производителите - наменет е за сите корисници кои имаат потреба за квалитетен GPS уред.

Телефонот доаѓа со претходно инсталирана WisePilot навигација и вграедн GPS приемник, но лошата вест е тоа што лиценцата за користење на софтверот за навигација е бесплатна само еден месец - по што ќе мора да се плати за понатамошно користење. Овој телефон има S-class интерфејс (исто како и LG Arena), а доаѓа и со поддршка за WiFi, HSDPA и 5 мегапикселна камера.

 

Copyright © 2009 selotejp.com