-->

Samsung на соларна енергија

Samsung минатата недела го понуди својот прв соларен мобилен телефон Е1107, кој за среќа има и многу попрепознатливо име - Solar Crest. Станува збор за GSM (900 MHz и 1800 МHz) кој може да се наполни насекаде каде има сончеви зраци.

Телефонот е речиси со идентичен облик и големина како и вообичаените компактни телефони, но со една важна разлика: на задната страна има соларен панел кој е во состојба за саат време полнење да обезбеди доволно енергија во вградената батерија од 800 mAh за 5-10 минути разговор. Секако, ова зависи и од тоа колку е сончево времето. Samsung тврди дека овие податоци важат доколку се работи за просечен сончев ден со 80.000 лукси, под услов телефонот да биде исклучен додека се полни.

Solar Crest е опремен и со бројни додатни функции како FM радио, mp3 плеер, вградени игри и можност да работи како батериска ламба. На располагање, меѓу другото, имате и опција за лажен телефонски повик со кој можете да одглумите дека некој ве бара за да се извлечете од некоја незгодна ситуација.

Соларниот мобилен ќе започне да се продава овој месец, најпрво во Индија, а потоа во југоисточна Азија, Европа и Латинска Америка. Samsung пред неколку месеци веќе претстави еден соларен GSM уред, но само како прототип.

 

Copyright © 2009 selotejp.com