Откако оствари рекорден трансфер во историјата на фудбалот, од 94 милиони евра, Португалецот од Реал, Кристијно Роналдо во Реал ќе биде плаќан со рекордни 13 милиони евра годишно, тврдат во мадридскиот спортски дневник Marca. Според ова испаѓа дека 24 – годишниот фудбалер ќе заработува повеќе од Раул, кој беше најдобро платениот фудбалер на Реал.
Во весникот исто така се наведува дека Реал ќе го претстави своето спектакуларно засилување уште идната недела.










