-->

Наскоро универзален полнач за мобилни

Во 2010 еден полнач за различни типови мобилни телефони. Повеќе нема да биде неопходна „збирка од полначи“. Под притисок од Комисијата на ЕУ, водечките производители на мобилни телефони и полначи за нив се договорија за воведување единствени стандарди на приклучните делови.

Таква ситуација веројатно веќе сте доживеале, можеби и повеќе пати: на работа, или уште полошо, на одмор, далеку од дома, забележувате дека сте заборавиле да го понесете полначот за вашиот мобилен телефон. Лутината е дотолку поголема, кога ќе констатирате дека приклучокот од полначот на оние, кои биле љубезни и сакале да ви помогнат, едноставно не одговара на вашиот телефон.

Комесарот на ЕУ за индустрија, Германецот Гинтер Ферхојген , не мораше долго да бара - во фиоката од неговата работна маса веќе имаше насобрано повеќе полначи за мобилни телефони.

„Ова ме лути!“, вели тој. За секој мобилен телефон - различен полнач, ваквата состојба во ЕУ треба од почетокот на наредната година да стане минато. „Смислата на намерата е да се спречи насекаде да стојат десетици такви уреди“, објаснува Ферхојген.

Производителите треба тоа вака да го изведат: наместо различни приклучоци, од наредната година речиси сите нови уреди треба да бидат опремени со микро ју-ес-бе штекер, какви што веќе се користат за таканаречените смартфоун или за лаптоп-компјутери. Десетте најважни производители на мобилни телефони се самообврзаа на ова пред еврокомесарот Ферхојген. Но, тоа не беше сосем доброволно сторено, оти тој пролетоска се закани дека во спротивно ќе предложи да биде донесен соодветен закон. „Претпријатијата имаа различни интереси и различни стратегии и не беше едноставно да се донесат на една заедничка стратегија. Но, мислам дека заканата со законодавецот им помогна во тоа“, вели Гинтер Ферхојген.

Работава со приклучоците на полначите му помага и на еврокомесарот за индустрија за добар крај на неговиот мандат - тој наскоро си заминува од Брисел, по пет години поминати на функцијата - и еден куп полначи за мобилни телефони!

[ 01-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com