Едвин Шеклетон, инжењер по аеронаутика во пензија со постојано живеалиште во британскиот град Бристол, своето патување го започнал на 1 јануари со својот автомобил, а после седум месеци го завршил со авион. Во меѓувреме Шеклетон се возел со низа различни помалку или повеќе познати превозни средства како санка, противпожарно возило, камион што го собира ѓубрето, двоколка, полициски автомобил, жичара, мотор на четири тркала и уште многу други.
- Сите видови на превоз кои што ги користев за мене беа фасцинантно искуство, па и патувањето со катамара, каде што повеќето членови на екипажот се воглавно зло, изјави гордо Шеклетон. Неплашливиот 82-годишник, наскоро ќе се одлучи за нов, сличен потфат, а цел му е да влезе во Гинесовата книга на рекорди. Има намера во што е можно пократок период да промени 240 различни превозни средства.
Сподели [ 18-07-2009 ]