-->

За прв пат снимено породување на кит

Австралиски истражувачи кои ја прателе сезоната на миграција на најголемите морски цицачи, успеале за прв пат да снимат породување на кит.

Неверојатен настан, кои истражувачите на китови го нарекуваат и свети грал, овие дена го снимиле австралиските истражувачи Мишелин и Курт Џенер во Ningaloo Reefu во Западна Австралија. Откако ја приметиле закрвавената вода околу женката кит, сфатиле дека сведочат на породување на кит.


"Бевме возбудени со фактот дека сме привилегирани да бидеме сведоци на овој спектакл после цели 20 години, колку истражуваме китови", изјавила Мишелин Џенер продолжувајќи со описот на овој конечно снимен чин: "Мајката нежно го држела малиот кит десетина секунди за да може прв пат да земе воздух. За кратко време младото китче почнало да плива. Изгледал како мали гумени играчки во када".


Сподели                                                                                                                 [ 27-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com