И официјално Самуел Ето е новиот играч на Интер. Камерунецот околу 20:40 во присуство на потпреседателот Риналдо Гелфи потпиша 5 годишен договр кој ќе го задржи до  30-ти јуни 2014 на Џузепе Меаца.Ето официјално ќе биде презентиран утре со почеток во 14:00 во просториите на Интер.
“Направив историја во Барселона, но тоа е веќе минато. Сега новата приказна ми започнува во Интер. Ја сакав оваа авантура и се надевам дека ќе помине добро.“
“Неможам ништо друго да му посакам освен среќа на Ибрахимовиќ. Освоив многу со Барселона и се надевам дека тој ќе освои дури и повеќе.“
“Ветувам дека ќе работам секој ден, како и што правев досега. Нема потреба да кажувам дека сакам да постигнам што повеќе голови. Знам дека сум способен за постигнување на голови и знам дека секогаш можам повеќе.“ - заврши Ето во својата прва изјава за медиумите како играч на Нероазурите.
Сподели                                                                                                                 [ 28-07-2009 ]










