-->

Мобилен во облик на телефонска говорница

Кој бил во Лондон, не можел а да не ги забележи црвените телефонски говорници кои се една од најпрепознатливита икона на овој град. Со оглед на тоа дека телефонските говорници се помалку се користат, некој одлучил да има даде модерен облик - мобилен телефон.

Уредот на фотографијата се вика London Calling Mobile Phone, има LCD екран во боја, можност за испраќање SMS и MMS пораки, три-band GSM, GPRS i WAP. Доколку овие спецификации ви изгледаат смешни, во право сте: веќе од сликата е јасно дека всушност станува збор за сувенир кој ретко некој навистина ќе го користи како примарен мобилен.

Цената е околу 86 фунти; не е страшно, но ако се земе во обзир дека за помалку пари може да се купи значително понапреден телефон, мора навистина да го сакате Лондон и неговите телефонски говорници па за да го купите ова чудо.


Сподели                                                                                                                 [ 20-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com