-->

Смешен крадец

Американец од Фарга од Северна Дакота научил животна лекција, барем што се однесува до заклучување на автомобилот. Крадецот му украл се од неговиот автомобил и му оставил порака следниот пат да биде повнимателен.

Марко Ниари остана без својата возачка дозвола и низа други предмети од паркираниот, но незаклучен автомобил. Крадецот му оставил фина порака во која, меѓу останатото, го пофалил Ниари дека има одличен вкус за музика.

Крадецот, освен документи, со себе ги зел и сите кредитни картички, а во пораката го посоветувал следниот пат да го заклучува автомобилот.

Марк им раскажал на полицајците дека можел да помини и полошо, на пример да остане без автомобилот.


Сподели                                                                                                                 [ 18-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com