Еден слаткар од Наблус, град на северниот Западен брег, во саботата испече огромен колач - локален специјалитет, надевајќи се дека ќе влезе во Гинесовата книга на рекорди.Колачот е долг 74 метри, широк метар и 10 сантиметри, а тежи неверојатни тон и 765 килограми. Слаткарот, меѓу останатото, за правењето на џиновскиот колач потрошил 700 килограми козјо сирење, 300 кила шеќер и 700 килограми брашно.

Премиерот во таа прилика го отвори шопинг фестивалот кој трае околу еден месец и го оначува новиот почеток на комерцијалното средиште Наблус, после една година од пропаѓањето.
Сподели [ 18-07-2009 ]










