-->

Адебајор нов играч на Сити

Конечно по неколку дневна сага Адебајор го комплетираше трансферот со Граѓаните и се обврза на верност од 5 години. Парите кои ќе ги инкасира Арсенал од овој трансфер се некаде околу 25 милиони евра.

"Не можам да дочекам да заиграм пред навивачите на Сити и да им покажам што знам и умеам..." - беа првите зборови на 25 годишниот фудбалер, веднаш по потишувањето на договорот.

"Дојдов тука за да направам историја, за овој клуб и за овие навивачи. Тоа е она што ми го кажа претседателот и менаџерот на клубот" - понатака изјави популарниот Аде.

И Марк Хјуз е презадоволен од новото засилување. "Бев негов обожавател од поодамна и сега го имам во своите редови. Тој е еден од најдобрите напаѓачи во Премиер Лигата и сигурно ќе донесе нова димензија во нашта игра. Јас како и мојот стручен штаб сме презадоволни што ќе го имаме на располагање за наредната сезонае."

Адебајор помина три сезони под палката на Венгер во Арсенал, од како претходно за 7м евра дојде од Монако. Негова најдобра сезона беше 2007/2008 кога тој постигна 30 голови. Минатото лето исто беше пред заминување од Лондон, но Милан не успеа во намерата да го донесе. Од тогаш тој го навлече гневот на навивачите а и неговите игри беа под ниво. Тие го обвинија напаѓачот дека не се залагал доволно на теренот па се чини и дека нема многу да жалат по него.

Адебајор е третиот напаѓач што доаѓа на Сити Граунд во овој трансфер период. Претходно пристигнаа Санта Круз и Тевез, а тука се и староседелците Белами, Каиседо, Бенџани и Божинов. Ќе мора Хјуз да почне и нешто да продава затоа што ќе мора да смислува тактика со 10 напаѓачи...

Се очекува Адебајор и во новиот клуб да го носи дресот со број 25.


Сподели                                                                                                                     [ 19-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com