-->

Прошетајте на Месечината со Google Earth

По повод четириесетгодишнината од првото слетување на Месечината Google во својата програма Google Earth, која овозможува детално 3D прегледување на сателитски снимки од Земјата, ја додаде и Месечината.

Месечината му се придружи на Марс кој веќе некое време постои како опција во Google Earth, кој се повеќе се ослободува од земјините ограничувања и се свртува кон Сончевиот систем.

Освен прегледувањето на сликите од Месечината кои се снимени за време на мисијата Аполо, Google ја додаде и можноста за пратење на слетувањето на Месечината изведени во склопот на програмата Аполо, видео исечоци, тродимензионални модели на лунарните модули и уште многу повеќе. Најновата верзија Google Earth 5.0 можете да ја најдете овде, а од иконите во облик на планета во горното мени можете да изберете дали сакате да ја прегледувате Земјата, Марс, Месечината или небесни пространства. Новите опции во Google Earth можете да ги погледнете и во видео исечокот подолу.

Некои од материјалите кои се додадени во новиот Google Earth можете да ги погледнете и на оваа страница www.google.com/moon без инсталација на никаков софтвер.




Сподели [ 21-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com