-->

Nokia претстави мобилен отпорен на вода и прашина

Nokia претстави нов мобилен со релативно скромни можности, но затоа пак отпорен на надворешните влијанија, пред се од вода и прашина. За разлика од останатите уреди од овој вид, овој изгледа доста добро.

Nokia 3720 може да се пофали со подршка за EDGE, камера со резолуција од 2 мегапиксели (со блиц), FM радио, Bluetoothom 2.1 и можност за проширување на меморијата со microSD картичка.


Не е лошо, но не и ни спектакуларно; но кога ќе слушнете дека 3720 може да го извалкате во прашина или да му истурите вода и да не му се случи баш ништо, а сето ова за околу 125 евра, работите веќе подобро звучат. Штета е што овој уред веројатно нема да се појави на домашниот пазар на време за да го купите и да го однесете на море.


Сподели                                                                                                                 [ 10-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com