-->

Црно вино и какао штитат од Алцхајмерова болест

Црно вино, какао и голем број на врсти на зеленчук штитат од Алцхајмерова болест, тврдат научниците. Тајната се крие во нивните состојки.

Научниците веруваат дека состојките под името флавоноиди, кои се присутни во голем број на зеленчук, можат да му помогнат на мозокот во одбрана на болестите карактеристични за старата доба.

Флавоноидите се многу моќни антиоксиданси за кои што се знае уште од порано дека му користат на срцето, а придонесуваат и за намалување на ризикот од оболување на разни врсти на рак.

Меѓутоа, сеуште не се знае како точно делуваат на мозокот. Познато е дека сите флавоноиди не допираат до мозкот исто како и што сите антиоксиданси на пример витаминот Е. Тоа значи дека , иако би можеле да помогнат кај деменцијата, тоа не го прават бидејќи не стигнуваат до правото место.

Антиоксидансите ги впиваат опасните слободните радикали кои ги уништуваат ДНК клетките. Меѓутоа, научницте сега тврдат дека флавоноидите сепак може да го заштитат мозокот, но по пат на други механизми. Неодамнешните истражувања покажале дека во заштита на организмот значително помагаат зелениот чај и грозјето на тој начин што ги подобруваат менталните способности.

Додека пак лондонските научници во текот на истражувањето биле фокусирани на флавоноидот под името епикатехин кој се наоѓа во многу прехранбени намирници, како какаото.

-Откривме дека епикатехинот ги штити мозочните клетки од оштетување, но користи механизми кои не се поврзани со нивното антиоксидантно делување. Нашите тестови покажаа дека може позитивно да делува и на Алцхајмеровата болест, истакна др. Роберт Вилијамс, биохемичар кој го водеше ова истражување.


Сподели                                                                                                                 [ 10-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com