-->

Samsung HMX-U10

Компанијата Samsung претстави доста мала камера која може да снима видео во HD резолуција и овозможува едноставно качување на видеа на Youtube.

Samsung HMX-U10 изгледа како малку поголем мобилен но има прилично импресивни можности - сензор со резолуција од 10 мегапиксели и можноста за снимање на видео во HD (1.920 x 1.080 пиксели) резолуција, и сето ова може да се види на LCD екран со дијагонала од два инчи. Тука е и можност за качување на видеа на Youtube само со еден клик, што навистина им ја поедноставува работата на оние кои често се служат со овој популарен сервис.

Камерата е со димензии 56 x 103 x 15,5 милиметри и тежина од 95 грама, а сето заедно изгледа многу елегантно, така да цената од 200 долари се чини прилично поволна. Но ако сте планирале да купите такво нешто за снимање на летните авантури, ништо од тоа за ова лето, бидејќи HMX-U10 ќе се појави на пазарот дури во септември.


Сподели                                                                                                                 [ 14-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com