-->

600 тапанари урнаа светски рекорд

Дури 600 тапанари се собраа во голема сала во Бирминген, во Велика Британија, за да го урнат светскиот рекорд во синхронизирано тапанарење. Во тоа и успеаа.

Учесниците на овој настан објаснија дека не се работи за едноставен потфат, затоа што 600 луѓе, односно 1200 раце требало синхронизирано да удираат со тапаните во ист ритам, но на крај сепак успеаа во тоа. - Ние тапанарите се држиме заедно. Ние не сме како гитаристите, кои секогаш ја добиваат цела слава, или како пејачите, кои немаат своја опрема која треба да ја носат наоколу, изјави еден од учесниците.




Сподели                                                                                                                 [ 14-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com