Иако се тргна на страна додека компаниите како што се Asus и Acer остварија голем профит продавајќи евтини, мали преносници, кои со едно име ги нарекуваме netbooks, Sony се одлучи да се вклучи во таа игра.Иако по спецификациите (екран со дијагонала од 10.1 инчи и резолуција од 1366x768 пиксели, процесор Intel Atom со работен такт од 1.6 GHz со 1GB RAM меморија), дефинитивно станува збор за netbook, цена од 400 евра (во Јапонија) која е за нешто повеќе од конкуренцијата. Ако новиот малишан на Sony не крие некакви изненадувања, тешко ќе се одржува на пазарот во кој веќе суверено владеат Asus, HP и Acer.
Сподели [ 07-07-2009 ]










