Православните христијани денеска го слават големиот празник Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Голема Богородица.Преданијата кажуваат дека Богородица често одела во Еленската гора молејќи го Господ да ја земе на небото. Еднаш и се јавил архангелот Гаврил и и кажал дека ќе умре за три дена. Непосредно пред нејзината смрт се слушнале грмотевици, а се собрале и сите апостоли. Просторијата во која била Богородица силно почнала да сјае кога, според преданијата, по неа се симнале Исус Христос и ангелите за да ја однесат на небото.
Богородица се смета за заштитник на бремените жени, децата и на семејството, а многу цркви, манастири и други светлишта го носат нејзиното име или и се посветени на неа. Обичај е од Голема до Мала Богородица (21 септември) да се берат лековити билки.
Македонската православна црква и православните христијани во Македонија традиционално го одбележуваат празникот со свети литургии и црковно-народни собири. Големи народни прослави и годинава ќе се одржат во манастирот во Матка крај Скопје и во манстирскиот комплекс во Лешок, како и на повеќе други верски обележја, кои и се посветени на Богородица.
Успение на Пресвете Богородица во Македонија се одбележува како државен празник и е неработен ден за верниците од православната вероисповед.
![]() |
[ 28-08-2009 ] |











