-->

Никотинска вечера

Човекот кој одлучил да престане да пуши со стил и со помош на магија, проголта 200 запалени цигари. Штека цигари ја потроши во шест минути.

Магионичар од Скејрсдејл Ричи Меџик вети дека нема никогаш да запали цигара во својот живот откако во саботата го собори рекордот во голтање на никотин.

Всушност, проголта штека запалени цигари, поточно 200, во 6 минути и 3,7 секунди. Прво, ги изгаси во устата, потоа ги изжвака и на крајот ги исплука.

Педесетгодишниот Ричи пушел со децении и очигледно одлучил да ја прекине навиката со магионичарски трикови пред голем број на деца.

- Нивната реакција и ден денес ме восхитува, рече мајсторот за илузии, на кој, се плашиме, му требале многу повеќе трикови за да се одвикне од никотинот.

Но покрај магионичарски, изведбата прикажа и неколку едукативни форми.

- Децата ми рекоа дека било толку гадно што никогаш нема да почнат да пушат, вели Ричи кој сензацијата ја изведе во Rogue Magic и Fun Shop во Елмхарст во Њујорк.


                                                                                              [ 31-08-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com